Хакерска група нападнала компании во Украина и Полска

Хакери,  со софистициран малициозен софтвер ги заразиле компјутерите на три енергетски и транспортни компании во Украина и Полска, по што можат да планираат деструктивни кибер напади, соопшти фирмата за кибер безбедност ЕСЕТ (ESET).

Фирмата за кибер безбедност, чија централа е во Словачка, објави извештај на свои аналитичари, во кој не се наведува конкретна држава која стоела зад хакерските активности, регистрирани меѓу 2015 и средината на 2018 година, но одговорноста за тоа се припишува на група, која според британските власти, е поврзана со руското воено разузнавање.

- За случајот е важно тоа што тие се се уште активни, изјави соработник на ЕСЕТ, пренесува БТА.

Кремљ негираше каква било поврзаност со наводната хакерска активност.

ЕСЕТ не прецизира кои се трите погодени компании во Украина и Полска.

Украинската кибер-полиција потврди дека имало напади врз две украински компании, но одби да даде повеќе детали.
Полското контраразузнавање одби коментар.

Компанијата ЕСЕТ учествувала во истрагата на серија кибер напади во Украина во последниве години, вклучувајќи го и оној против украинската електроенергетска мрежа во 2015 година.

Според неа, хакерите кои ја нападнале електроенергетската мрежа на Украина со вирусот „Блек енерџи", сега користат нов вирус, наречен „Греј енерџи“, кој бил употребен за нападот против трите засегнати компании.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.