НОВ СКАНДАЛ ВО APPLE: Уште две апликации крадат податоци

За неколку апликации во Mac App Store се верува дека собираат и вчитуваат податоци за корисникот, вклучувајќи ја и нивната историја на пребарување.

 

Апликации како Dr. Unarchiver и Dr. Cleaner, наводно собираат и на своите сервери ја префрлуваат историја на пребарување на корисниците. Апликациите, исто така, собираат информации за други апликации кои се инсталирани на системот.

 

Апликациите бараат од корисниците да пристапат до нивните почетни функции како што се скенирање на вируси или чистење на кеш. По отворањето на апликацијата, тие собираат информации за историјата на пребарувањето, креираат zip датотека и ја поставуваат.

 

Apple официјално забрани  апликациите да собираат вакви податоци без согласност на корисникот. Dr. Unarchiver и Dr. Cleaner се отстранети од Mac App Store-a во неделата, а во тој момент Dr. Unarchiver беше 12-та најпопуларна бесплатна апликација на Mac App Store во САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.