APPLE бесплатно ќе ги менува Ајфон 8 телефоните

Забележано е на некои ,,Ајфон 8“ телефони дека имаат проблем со матичната плоча.

 

„Apple“ објави дека некои „Ајфон 8“ телефони имаат фабричка грешка која може да доведе до разни проблеми во работењето. Грешката се јавува кај некои телефони кои се продадени меѓу септември 2017 година и март оваа година. Како што соопшти компанијата, во прашање е само мал процент „Ајфон 8“ телефони кои имаат фабричка грешка која може да доведе до рестартирање, замрзнување или да не може да се уклучи телефонот.

 

Проблемот е воочен само на „Ајфон 8“ моделите не и на „Ајфон 8 плус“  а сопствениците на телефоните кои ги купиле во овој период може да проверат на страната на Apple  дали и нивниот телефон се наоѓа во оваа група.  Доколку се најде во оваа група,  Apple  бесплатно ќе го замени телефонот, но на телефонот не треба да има физички оштетувања. Доколку има, тогаш тие првo треба да бидат поправени по регуларна цена.

 

Акцијата ќе трае додека не поминат три години од почетокот на продажбата на телефоните





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.