Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи.

Ова е неопходно затоа што двете земји направија сè. Благодарност до сите што ја поддржаа нашата земја. Повеќе од 20 лидери нè слушаа неколку часа, а јас сум му благодарен и на Макрон за иницијативата за нова политичка заедница. Тоа е единствениот начин да бидеме чуени, нашите европски колеги да нè чујат. Благодарен сум им и на Рама и на Ковачевски затоа што беа фер кон Србија, покажаа почит“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по самитот за Западен Балкан.

„Во Хрватска објавија дека поради Украина се вршел притисок врз Вучиќ. Нема да кријам дека јас бев меѓу последните што зборуваа и посочував прашања. Сакам да потсетам што се случуваше во последните четири месеци. Врз основа на информациите што ги добив, објавени се 2.000 написи во европските медиуми за Србија и за тоа како Србија ги загрозува целиот регион и мирот во БиХ, Косово, но потоа ништо не се случи“, објаснува Вучиќ.

„Ќе се бориме заедно за европската иднина почитувајќи се себеси и верувајќи дека заедно можеме многу“, порача Вучиќ.

Тој додаде дека е должен да ги спроведува препораките на Советот за национална безбедност и да ги штити интересите на нашиот народ.

„Мислам дека ќе успееме заедно да ги решиме тешкотиите како онаа што ѝ е наметната на Северна Македонија. Сакавме сами да се грижиме за нашиот регион, тоа беше идеја. Некој рече дека тоа е идеја на Путин, а јас никогаш не разговарам со него за тоа. Зошто би било потребно? Никому не му требаше, освен нам. Конечно, сакам да им се заблагодарам на моите европски колеги за нивното трпение. Знам дека денес е одличен ден за нив. Разбирам дека Димитар и Еди се пофрустрирани од мене, но мислам дека работите може да се свртат кон подобро до септември. Ќе спроведеме реформи во областа на правото и другите области“, додаде Вучиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.