Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се надева оти ќе може да ѝ помогнат.

„Се обидов да им кажам некои работи на состанокот и тоа ќе го споделам со вас. И добро и лошо е што сме овде, се чувствуваме добро затоа што сме Европејци и да се биде таму е нашата суштина, но јас се чувствувам лошо затоа што никој не нè слуша така, туку како гости. Се наоѓаме во поделена куќа и загрижувачки е што и за време на пандемијата, која беше глобална, доведе до лоши последици. Дури ни пандемијата ни војната не успеа да ги обедини Европејците. Од една страна, мислам дека направивме многу за да ја поддржиме идејата на Макрон за да ја исполниме политичката цел. Се надеваме дека ќе станеме членки во одреден момент. Би ценеле доколку оваа нова политичка заедница на Европа ни овозможи сите да бидеме заедно во една куќа како едно семејство“, рече Рама.

Тој додаде дека Северна Македонија била главна тема, која 17 години чека на отворање на преговорите и го сменила името, што не довело до никаков напредок.

„ Не е само Бугарија, тоа е проблем, но не е само Бугарија. Европската унија е уморна од проширувањето. Таа стана повеќе инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Излезе дека една земја наметнува нешто свое а другите членки не можат ништо да направат околу тоа, работиме напорно и еден ден ќе станеме членки на Европската Унија“, додава Рама.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.