Падна владата на Кирил Петков

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС. За недоверба гласаа 123 пратеници наспроти 116 кои беа против, никој не е воздржан.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Како што пренесува БГНЕС, големиот камен на сопнување беше почетокот на разговорите меѓу Македонија и Европската унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја. Од првите денови на неговото владеење, Петков и неговиот советник за надворешна политика водеа еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година - Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација, додава БГНЕС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.