Дојави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија, наставата ќе се одржува онлајн

Пријави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија, наставата ќе се одржува онлајн, пишуваат српските медиуми.

Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање во училишните клупи, велат оттаму.

Дојавите за подметната направа стигнале на е-маил адресите на неколку основни и средни училишта во Србија, соопшти Министерството за образование на соседната земја.

„Пријавите пристигнаа на е-маил адресите на 134 основни училишта на територијата на Училишната управа на Нови Сад, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија“, се наведува во соопштението.

Заради безбедност на учениците, училиштата го информирале министерството за заканата и полициски екипи се на терен, се додава во соопштението.

„До крајот на полагањето, наставата ќе се одржува онлајн, а учениците ќе бидат вратени во клупите, по потврда дека состојбата е безбедна. Училиштата преку редовни комуникациски канали ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање на директната настава“, додаваат од Министерството за образование на Србија.

Медиумите потсетуваат дека ова е продолжение на дојавите за бомби низ Србија. Пред два дена бомба била пријавена во Клиничкиот центар во Војводина по електронска пошта, но немало потреба од евакуација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.