Во тек е потрага по убиецот, кој отсече глава на човек во Франција

Во тек е обемна полициска акција за потрага по сторителот на бруталното злосторство во францускиот град Болен.

Во стан е пронајден постар маж, чија глава била отсечена, а како што пренесоа француските медиуми, за нападот е осомничен неговиот внук.

Полицијата го предупреди локалното население дека напаѓачот е опасен и дека треба веднаш да ја извести полицијата доколку го види.

Полицијата објави фотографија од осомничениот за ова убиство и наведе дека се работи за лице на приближно 37 години, кое било вооружено со нож.

Полицијата ја отфрли можноста ова убиство да е поврзано со тероризам. Во потрагата по осомничениот се вклучени полициски специјалци и хеликоптер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.