„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари од продажба на вакцини оваа година

Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон и Џонсон“ ја зголеми годишната прогноза за профитот и потврди дека очекува приходи од 2,5 милијарди долари од продажба на вакцини против коронавирус оваа година.

Претходно годинава, „Џонсон и Џонсон“ се соочи со проблеми со производството на вакцини и беше принудена да уништи милиони дози, да ги одложи испораките и да го преполови своето целно годишно производство на 500 до 600 милиони дози.

Вакцина сега не е многу користена во Соединетите Американски Држави иако некогаш беше прогласена за важна алатка во борбата против пандемијата во тешко достапните области, особено со оглед на фактот дека вакцинирањето се врши само со една доза.

„Џонсон и Џонсон“ ги зголеми приходите за 10,7 проценти во третиот квартал, на 23,3 милијарди долари.

Вкупниот приход се очекува да биде од 94,1 до 94,6 милијарди долари оваа година, проценува J&J.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.