Путин ќе учествува на Г-20 во Рим, но преку видеоврска

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска му  порача на италијанскиот премиер, Марио Драги, дека е подготвен да учествува на самитот на Г-20 во Рим, што ќе се одржува на 30 и 31 октомври, но преку видеоврска, објави денеска Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Путин за време на телефонскиот разговор со Драги го пофалил претседателството на Италија со Г-20.

Кремљ наведува дека двајцата лидери „размениле мислења за анализата на ситуацијата во Авганистан, направена за време на неодамнешната видеоконференција на Г20“, пренесува ТАС С.

Путин и Драги, исто така, се осврнале на „бројните аспекти на билатералната трговска и економска соработка“, се додава во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.