Во Словенија 1.669 нови случаи, секој трет тест е позитивен

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.669 нови случаи на коронавирус, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови.

Министерството за здравство објави дека 1.669 заразени лица биле откриени за 5 часа од 5.230 тестови, што значи дека речиси една третина од тестираните биле позитивни.

Во моментов, просечниот број на потврдени инфекции дневно е 1.074, објави словенечкиот Институт за јавно здравје.

Премиерот, Јанез Јанша, рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат.

Причината за повторното ширење на инфекцијата ја гледа во малиот опфат на вакцинација, но и јавните собири и протести. Јанша предупреди дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку дена е најбрзо во Европа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.