Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Источниот Медитеран

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека утрово е регистриран земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала во Источниот Медитеран.

Центарот наведува дека епицентарот бил на длабочина од 60 километри, 298 километри источно од Хераклион во Грција и 139 километри југоисточно од островот Карпатос.

Истовремено, грчки Катимерини објави дека земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово југоисточно од Карпатос.

Ројтерс пренесува дека земјотресот бил почувствуван во Каиро и други градови во Египет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.