Вулин: Милановиќ е еден од најглупавите хрватски политичари

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е еден од најглупавите хрватски политичари.

„ Во Хрватска, политичарите се поделени на отворени и тајни усташи. Кога, не знаејќи дека се снима состанокот со таканаречените бранители, гордо ги призна своите усташки корени, Милановиќ докажа дека припаѓа на тајните следбеници на усташкото движење.

Но, Милановиќ докажа дека е еден од најглупавите хрватски политичари кога се обиде да ги затвори границите со Србија во 2015 година, и тоа го потврдува секој ден кога ги напаѓа Србија и Вучиќ“, се вели во изјавата на Вулин.

Милановиќ претходно оцени дека Србија „нема силна намера“ да влезе во ЕУ и рече дека смета дека е пречка што српскиот претседател Александар Вучиќ „бил еден од најистакнатите поттикнувачи на војна во 90-тите години“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.