Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувна во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите се уште се борат со 40 од нив кои се активни, потврдија грчките власти.

На синоќешната прес -конференција, заменик -министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас објави дека најголемиот и најопасниот пожар што започна вчера нешто по 13 часот и продолжи да гори во северните предградија на Атина на три главни локации - Варибоби, Адамес и Тракомакедонес, во текот на ноќта го гансеа 520 пожарникари, 17 екипи на терен и 150 пожарникарски возила, пренесува весникот „Катимерини“.

На противпожарната бригада и помогнаа армијата и полицијата, вклучувајќи 305 полицајци, волонтери и локални власти, а вкупно 315 лица беа пренесени на безбедни локации подалеку од пожарот.

Според последните информации, пожарот на Кос бил локализиран, додека на островот Евија, пожарникарите се уште се борат да го стават пожарот под контрола.

Од 40 активни пожари во Грција четири досега предизвикаа евакуација на населението, и тоа оние во Костен во југоисточниот дел на Пелопонез, на островот Кос, на југозападниот дел на Пелопонез и на островот Евија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.