Во Индија пад на бројот на новозаразени од коронавирус

За првпат по неколку недели бројот на новозаразени со коронавирусот во Индија падна под 300.000 лица.

Индиското Министерство за здравство објави дека во последните 24 часа се потврдени околу 280.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 и 4.106 смртни случаи.

Падот на бројот на новозаразени со коронавирус дава надеж во Индија, но недостигот на кревети и кислород во болниците покажува дека кризата со коронавирусот сè уште не е завршена.

Индиската држава Гуџарат на Западниот Брег се подготвува за силен циклон кој влијае на спроведувањето на мерките околу вирусот со Ковид-19 и вакцинацијата.

Циклонот Таукте веќе предизвика големи поплави и се очекува да стигне до копното денес или утре рано. Во државата Гуџарат вакцинацијата против коронавирусот беше прекината два дена поради циклонот.

Сепак, низ цела Индија вакцинацијата се одвива бавно.

Јужната држава Карнатака престана да вакцинира лица од 18 до 44 години во државните центри и голем број индиски држави се обидуваат да набават вакцини директно од странство за да го надополнат недостигот во земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.