Џонсон: Евреите во Британија не смеат да бидат жртви на „срамен расизам“

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нема место за антисемитизам во британското општество и дека Евреите во земјата не смеат да бидат жртви на „срамен расизам“, пренесува „Ројтерс“.

„Во нашето општество нема место за антисемитизам. Во пресрет на (еврејскиот празник) Шавуот, стојам покрај британските Евреи кои не смеат да бидат жртви на срамниот расизам што го видовме денес“, објави Џонсон на „Твитер“.

Џонсон сепак не прецизираше на кој инцидент конкретно мисли.

Претходно денеска на интернет се појави видео од колона автомобили со палестински знамиња како минуваат низ северен Лондон и емитуваат антисемитски пораки преку мегафон.

Лондонската полиција соопшти дека е запознаена со содржината на видеото.

„Официјалните лица спроведуваат итна истрага за да ги идентификуваат одговорните. Таквото однесување нема да се толерира“, се вели во соопштението на полицијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.