Пандемијата ќе му остави долготрајни рани на општеството, вели германскиот претседател

Пандемијата на коронавирус ќе остави долгорочни рани врз општеството, предупреди германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на екуменска конференција во Франкфурт.

„Социјалните последици од вирусот нема едноставно да исчезнат со последната вакцинација, последната мерка“, рече Штајнмаер во завршното обраќање на собирот.

Германскиот претседател предвидува дека долго време нема да има целосно враќање на стариот начин на живот.

„Сепак, повторното обединување со семејството и пријателите, ракувањата, гушкањето и одржување на мисите како што е редот - сите со нетрпение го очекуваме тоа“, рече Штајнмаер.

„Жестоко се боревме во однос на вирусот и задолжителното носење маски, ограничувањата и ублажувањата, градинките и училиштата, вакцините и приоритетите за вакцинација“, додаде тој.

Многу врски порпаднаа, пријателства исто така, а семејствата беа поделени, рече германскиот претседател.

Но, екуменската конференција покажа дека католиците и протестантите имаат повеќе заедничко од она што ги дели, рече Штајнмаер, додавајќи дека ова важи и за општеството во целина.

Затоа, тој повика на изградба на мостови меѓу оние што пандемијата ги разделила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.