Гинцбург: Вакцината „спутник В“ ефикасна и за животните

Вакцината „спутник В“ исто така може добро да ги заштити животните од коронавирусот, изјави директорот на Државниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

Тој истакна дека сè уште има приоритети во однос на вакцинацијата.

„Убеден сум дека 'спутник В' добро ќе ги заштити животните, но прво мора да ги вакцинираме луѓето“, рече Гинцбург.

Тој забележа дека е потребно да се вакцинираат животните, не само за да се заштитат, туку и да се запре циркулацијата на вирусот помеѓу нив и луѓето.

„'Спутник В' беше тестиран на животни во центарот 'Гамалеја' и врз нив беа извршени сите претклинички тестови, па со сигурност можеме да кажеме дека дејствува. Вакцината направена специјално за животни е многу поевтина од вакцината за луѓе“, нагласи Гинцбург.

Вакцината „спутник В“ е регистрирана во скоро 60 земји со вкупно население од околу три милијарди луѓе. Ефикасноста на препаратот е 91,6 проценти, што беше потврдено во списанието „Лансет“, едно од најстарите и најценетите медицински списанија во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.