Австралија најави отворање на границите за вакцинираните жители
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Април 2021
Австралија ќе размисли постепено да ги отвори своите граници за да им овозможи на жителите кои се вакцинирани против Ковид-19 да патуваат во странство, рече австралискиот премиер Скот Морисон.
Австралија ги затвори своите меѓународни граници во март минатата година, помагајќи да се избегне голем број на заразени лица како во други земји.
Досега се потврдени нешто повеќе од 29.400 случаи на Ковид-19 и 910 смртни случаи.
Австралиските граѓани и постојаните жители во моментов не можат да ја напуштат земјата освен ако поради некоја причина не се ослободени од мерката, додека патниците што се враќаат од странство мораат да поминат две недели во карантин.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс