(Видео) Земјотрес во Грција, луѓето излегоа на улиците во Лариса

Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција. Епицентарот бил на 121 километар југозападно од Солун, во близина на градот Лариса.

Жителите на Лариса излегоа на улиците на кои се тресеше земјата.

На видеото може да се види силата на земјотресот што се почувствува низ цела Грција.

Во друго видео снимено во продавница сè се урива, шишињата паѓаат од полиците, а луѓето што се најдоа во неа избегаа надвор.

Пожарникарите сè уште немаат информации за штетата.

Земјотресот се почувствува и во нашата земја како и во соседните Албанија и Бугарија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.