Јужна Кореја истражува смрт на две лица, примиле вакцина АстраЗенека

Јужнокорејските власти испитуваат смрт на две лица, двајцата со коморбидитети. Тие починале во деновите по приемот на вакцината „АстраЗенека“.

63-годишен штитеник на старечки дом со цереброваскуларна болест развил симптоми, вклучувајќи висока температура, четири дена откако ја примил вакцината, објави Корејската агенција за контрола и превенција.

Според агенцијата, едно лице починало од труење на крв.

Мажот бил префрлен во поголема болница вчера, но починал по труење на крвта и пневмонија, пренесуваат тамошните медиуми.

Според нив, друг пациент кој имал педесетина години, бил срцев пациент со дијабетес и починал бидејќи претрпел повеќекратен срцев удар откако ја примил вакцината, соопшти агенцијата.

Корејската агенција за контрола и превенција ги истражува причините за смртта, но не потврди каузална врска со вакцината. Агенцијата претходно соопшти дека ќе плати компензација поголема од 430 милиони вони за смртни случаи од вакцини.

Портпарлот на „АстраЗенека“ во Сеул не даде коментар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.