Бајден: До крајот на мај ќе имаме доволно вакцини

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе имаат доволно вакцини за коронавирус за сите возрасни Американци до крајот на мај.

Според министерството за здравство, партнерството меѓу производителите на лекови, како и другите чекори што ги презеде владата, ќе и овозможат на компанијата за вакцини да ја забрза испораката на 100 милиони дози за околу еден месец.

„Една од работите што дознав кога ја презедов функцијата е дека "Џонсон и Џонсон" заостануваат во производството. Едноставно, вакцината не доаѓаше доволно брзо. Така, мојот тим работеше напорно за да ги забрза овие напори", рече Бајден.

Американскиот претседател се надева дека САД ќе се вратат во нормала ова време следната година, можеби порано.

„Тоа зависи од тоа дали луѓето продолжуваат да бидат паметни и дали разбираат дека сè уште можеме да имаме значителни загуби“, рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.