Макрон во име на државата го призна убиството на алжирски адвокат

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека француската армија го мачела и убила алжирскиот адвокат и националист Али Буманџел за време на Алжирската војна за независност во 1957 година.

Смртта на Бумангел првично беше окарактеризирана како самоубиство.

Макрон го призна убиството во име на Франција за време на состанокот со внуците на Буманџел, пишува „Би-би-си“.

Акцијата на францускиот претседател е насочена кон подобрување на односите меѓу Франција и Алжир и начинот на кој се сеќаваат на осумгодишната војна што стави крај на колонијалното владеење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.