Исламска држава презеде одговорност за убиство на три новинарки во Авганистан

Терористичката организација Исламска држава презеде одговорност за напад во кој синоќа биле убиени три новинарки во источен Авганистан.

Разузнавачката група „СИТЕ“ која ги набљудува заканите на џихадистите на интернет, соопшти дека ИД ја презела одговорноста за убиството на три жени, вработени во авганистанската телевизија „Еникас“ во градот Џалалабад, пренесе „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека авганистанските власти претходно потврдиле дека загинале три жени, на возраст од 18 до 20 години, кои работеле како спикерки, а дека четврта жена е тешко повредена, откако на нив вчера пукал непознат напаѓач додека се враќале од работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.