Тексас контра Бајден: Ги укина рстрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки - се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски.

Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот, донесе одлука за укинување на обврската за носење заштитни маски и најави дека повеќето продавници ќе можат да се отворат со полн капацитет следната недела, објави „Ројтерс“.

Тексас ги укинува ограничувачките мерки во време кога бројот на нови случаи на коронавирус и хоспитализирани пациенти се намалува низ САД.

„Време е Тексас да се отвори 100 проценти“, рече Абот, најавувајќи дека мерките ќе бидат целосно спроведени од 10 март.

Гувернерот изјави дека е во состојба да ги укине мерките затоа што 5,5 милиони жители од 29 милиони луѓе кои живеат во таа американска сојузна држава се вакцинирани.

Оваа одлука е во спротивност со повикот на претседателот на САД, Џо Бајден, кој апелираше до Американците да се придржуваат до мерките и да носат маски додека не се видат ефектите од вакцинацијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.