Претседателот на Украина се вакцинира со вакцината на „Астразенека“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се вакцинира против коронавирусот за време на посетата на фронтот во источниот дел на Донбас, со надеж дека ќе ги увери скептиците дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Заостанувајќи зад Европа, Украина само што започна со вакацинација на населението откако минатиот месец ја доби првата пратка од 500.000 вакцини на „Астразенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници од првата линија во борбата со вирусот и војската.

Сепак, владата се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината. Податоците покажуваат дека 47 проценти од населението не сака да се вакцинира.

„Ја примив вакцината против Ковид-19. Се вакцинирав на фронтот со војниците како врховен командант", напиша Зеленски на „Твитер“ и објави фотографија на која се гледа како ја прима вакцината.

Тој рече дека станува збор за вакцината „Оксфорд/Астразенека“ произведена во Индија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.