Путин: Палатата не е моја, сакаат да им го исперат мозокот на Русите

Рускиот претседател Владимир Путин ги демантираше гласините дека поседува палата во Геленџик на Црното Море, наведувајќи дека таа палата не му припаѓа ниту нему ниту на кој било член на неговото семејство.

На онлајн состанок со студенти, Путин рече дека не го гледал видеото објавено од опозицискиот тим на Алексеј Навални минатиот викенд, пред сè поради недостаток на време и смета дека гласините за палатата биле искористени за обид за перење мозок на Русите, пренесува ТАСС.

„Не го гледав целиот филм, туку само деловите што ми ги подготвија соработниците. Ништо од сниманото во филмот не ми припаѓаше на мене или на некој од моите блиски роднини. Никогаш", рече Путин.

Во исто време, тој го сврте ниманието на фактот дека секој имот од овој тип има одредена документација и податоци за финансиските трансакции и дека не може, а да не остане трага во книгите за тоа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.