Уапсена жената која го украде лаптопот на Ненси Пелоси

Американската полиција ја уапси Рајли Џун Вилијамс (22) под сомнение дека украла лаптоп од канцеларијата на демократката Ненси Пелоси за време на немирите во Капитол.

Нејзиниот поранешен партнер изјавил дека Вилијамс имала намера да ги продаде податоците на руската разузнавачка служба, објави Би-Би-Си.

Пет лица беа убиени кога приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во седиштето на Конгресот на 6 јануари, кадешто пратениците се состанаа за да ја потврдат изборната победа на Џозеф Бајден.

Случајот со Вилијамс е една од над 200 тужби што се покренати откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Капитол.

Таа е уапсена вчера во Пенсилванија. Извори за CBS News изјавија дека им се предала на властите.

Според обвинението, таа „свесно влегла и останала во зградата со ограничен пристап без законско овластување, насилно влегла и правела неред во областа Капитол“.

Не се споменуваат обвинувања за податоци. Федералното биро за истраги сè уште ги проверува овие обвинувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.