Употребата на ковид-пасошите почнува во март: во авион само со влезница

Претставници на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) открија дека употребата на нивната дигитална влезница (Travel Pass) треба да почне во март. Се очекува тогаш да почне да се користи од големите авиокомпании.

Тоа е мобилна апликација што им помага на патниците да складираат и управуваат со информации поврзани со сертификати за тестирање на Ковид-19 или вакцинација. Апликацијата обезбедува поголема безбедност и ефикасност од печатените, т.е. хартиени документи.

ИАТА посочува дека нивните тимови работат на проектот во 12-часовни смени со цел да овозможат проектот да заврши што е можно побргу, пишува „Травемагазин“.

Оттаму велат дека на овој начин ќе се решат најголемите проблеми на авионската индустрија поврзани со моментната пандемија.

Тие исто така додаваат дека ниту еден проект досега не се развил со вакво темпо. Брзиот развој на апликацијата може делумно да се припише на постојната технологија, вклучувајќи ја и апликацијата за бесконтактна идентификација.

Оваа апликација е развиена од ИАТА пред пандемијата, во партнерство со компанијата „Еверним“ (Evernym), која се занимава со решенија за дигитална идентификација.

Со развојот на Travel Pass, ИАТА исто така се обидува да реши потенцијален проблем поврзан со персоналот на аеродромот.

Во моментот авиокомпанијата, која работи со 10 % капацитет, користи 100 % од својот персонал за да ги потврди сертификатите за тест на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.