Биле во брак 47 години и починале во иста минута од коронавирус

Брачен пар oд Америка, кои биле во брак цели 47 години, починаа во болница во иста минута од коронавирус.

Патриција и Лесли МекВатерс од сојузната држава Мичиоген, по една недела во болница, починаа минатата недела, пренесе Си-Ен-Ен.

Тие основале семејство, израснале деца, се грижеле за внуци и правнуци.

„ Тие буквално правеа сè заедно. Иако бевме сериозно погодени од нивната смрт, сега кога размислувам не е толку изненадувачки бидејќи тие беа заедно цело време", изјави Јоана Сиск, една од нивните две ќерки.

МекВатерс се меѓу 268.087 лица кои починале од коронавирус во САД. И бидејќи бројот на хоспитализации продолжува да достигнува нови највисоки нивоа, експертите се загрижени дека ќе следат уште значително поголем број смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.

„ На прв поглед, тие изгледаа сосема поинакви. Таа беше пензионирана медицинска сестра која не прифаќаше глупости, а тој беше забавен пензиониран возач на камион. Но, заедничко за нив беше нивната искрена љубезност и грижа за другите луѓе", рече Сиск.

Кога Патриша се заразила со коронавирус отишла во болница, но ја испратиле дома и и` рекле да се изолира. Иако се чувствувала прилично лошо, по 35 години работа како медицинска сестра не ја преиспитала одлуката на лекарот.

Следната недела и Патриша и Лесли завршиле во болница, тие биле многу болни. Во болницата биле една недела, а потоа починале.

Персоналот на болницата вели дека тие починале буквално во истата минута и им напишале исто време на смрт на двајцата: 24 ноември 2020 година, во 16:23 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.