Србија воведе нови мерки - угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок.

Рестриктивните мерки предвидуваат дека угостителските објекти и продавниците, рестораните, кафулињата, трговските центри, игротеките, обложувачниците и сите други продажни и трговски објекти ќе работат до 17 часот, а за викенд воопшто нема да работат - од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Продавниците за храна ќе може да работат секој ден до 21 часот и за викенд, а вежбалниците и кината ќе работат до 17 часот секој работен ден и за време на викенд.

Мерките ќе бидат на сила две недели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.