Гувернерката на Токио: Олимписките игри ќе се одржат во 2021 година

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, изјави дека е уверена дека градот ќе може безбедно да биде домаќин на Олимписките игри следната година, и покрај неодамнешниот пораст на бројот на заразени со коронавирус во Јапонија.

Во Јапонија има зголемување на бројот на заразени лица кои надминуваат 2.000 случаи на ден, додека владата се обидува да избалансира превентивни мерки и деловни активности без да и наштети на економијата погодена од пандемијата.

„Како град домаќин, решена сме  по секоја цена да ги одржиме Олимписките игри “, рече Коике на прес-конференција.

Таа го рече тоа една недела откако претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, го посети Токио, каде што одржа серија разговори со јапонски официјални лица, вклучувајќи го и гувернерот, за да ја покажат нивната решеност да ги организираат Игрите.

Коике рече дека широко распространетата употреба на заштитни маски кај населението е една од најефикасните безбедносни мерки што ја поштедија Јапонија од високата стапка на инфекции што избувнаа во САД и Европа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.