Речиси 2.000 луѓе во Пакистан протестираат против Франција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Октомври 2020
Речиси 2.000 верници, кои го славеа Мавлид, роденденот на пророкот Мухамед, излегоа на улиците во градот Лахоре во источен Пакистан.
Собраните, предводени од исламски партии, скандираа антифранцуски пароли, носеа транспаренти и ги блокираа главните патишта на патот кон храмот „Суфи“, јави АП.
Десетици луѓе бесно ги газеа знамињата на Франција и бараа бојкот на француските производи.
Во Мултан, град во источната пакистанска провинција Пенџаб, илјадници луѓе ја запалија фигурата на францускиот претседател Емануел Макрон и побараа Пакистан да ги прекине врските со Франција.
Подоцна денес се планираат неколку митинзи во Пакистан, вклучително и во главниот град Исламабад, каде што е ангажирана полиција за да се спречат можните демонстрации пред француската амбасада.
Други исламистички протести се очекуваат во целиот регион, вклучително и во Либан и Појасот Газа.
Во Авганистан членовите на исламистичката партија Хезб-и-Ислами го запалија знамето на Франција.
Нејзиниот водач Гулбудин Хекматијар го предупреди Макрон дека ако не ја контролира ситуацијата, тие ќе одат во трета светска војна, а Европа ќе биде одговорна.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс