Влошена состојбата на митрополитот Амфилохије, чувствува болки во градите

Црногорско-приморската митрополија соопшти дека митрополитот Амфилохије кој е во болница поради Ковид-19 дише малку потешко и чувствува болка во градите.

Тоа било утврдено за време на утринската медицинска проверка.

Според здравствените служби, тој не е поврзан со респиратор, но и натаму го користи режимот на неинвазивна вентилација, што значи дека белите дробови нормално ја извршуваат својата функција.

„Сите анализи беа направени веднаш. Снимката покажа дека причина за отежнато дишење и болката е појавата на воздух во средниот дел на градниот кош, што често се јавува во ситуации кога пациентот има чувствителни бели дробови поради времетраењето на воспалението, што е речиси неизбежно кога станува збор за постари пациенти“, објасниле од болницата.

Сепак, скенерот на белите дробови и белодробните артерии покажал дека нема тромбоза, а бронхоскопскиот наод потврдил дека дишните патишта се чисти.

„Во наредниот период, како и досега, редовно и детално ќе известуваме за сите промени во врска со здравствената состојба на митрополитот Амфилохије, кој од 6 октомври е на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот“, соопштиле од болницата.

Митрополитот има 82 години и спаѓа во ризичната група на пациенти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.