Трамп со нов гаф: За Белград и Приштина ми доделија Нобелова награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп направи гаф за време на претседателскиот собир во Њу Хемпшир, кога рекол дека добил Нобелова награда за мир.

Тој рекол дека нагарадата ја добил поради своите меѓународни дипломатски способности и учество во преговорите меѓу Белград и Приштина, но набрзо се поправил и рекол дека мислел на номинација за таа награда.

Тој истакнал дека добил уште една награда за „нешто друго“, како и дека требало да добие награда за неговата работа во Сирија, пренесе „Индепендент“.

Speaking in Londonderry, New Hampshire, Trump attacks "Barack Hussein Obama" pic.twitter.com/AHFY8uSfQz— Aaron Rupar (@atrupar) October 25, 2020

„ Србија и Косово, потпишавме договор, па тие ми дадоа награда за тоа, ми ја дадоа Нобеловата награда за нешто друго, треба да ми ја дадат Нобеловата награда за она што го направив во Сирија“, рече Трамп.

Сепак, откако го рече тоа, тој брзо се поправи и рече дека тоа се номинации за Нобелова награда.

„ Кога велам Нобелова награда, мислам на номинацијата“, рече Трамп.

 

Оваа година добитник на Нобелова награда за мир е Светската програма за храна на Обединетите нации за придонесот во борбата против гладот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.