Претседателот на Азербејџан: Ќе го решиме конфликтот по воен и политички пат

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави дека сакаaт да го реши конфликтот околу регионот Нагорно-Карабах со политички и воени средства.

Обраќајќи се на нацијата, Алиев повтори дека силите на етничките Ерменци треба да ја напуштат територијата за да запрат конфликтите, пренесува „Ројтерс“.

Судирите во регионот Нагорно-Карабах започнаа на 27 септември меѓу ерменските и азербејџанските сили.

Договорот за хуманитарното примирје беше склучен на 10 октомври во Москва, тој беше потврден во Париз на 17 октомври, а повторно беше договорен во неделата, и денес стапи на сила, пренесува ТАСС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.