Во Хрватска 828 новозаразени, починаа 15 лица

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 828 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 15 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е 10.919, а меѓу нив 864 пациенти се во болница.

Има 65 пациенти на респиратор.

 

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се 37.208 лица заразени со коронавирус, од кои 452 починале.Вкупно се опоравиле 25.837 лица, од кои 1.038 во последните 24 часа.Во моментов има 26.730 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 449.541 лице, од кои 3.973 во последните 24 часа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.