Меланија Трамп не се чувствува добро поради коронавирусот
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Октомври 2020
Меланија Трамп го откажа првиот настап во последните неколку месеци во претседателската кампања на својот сопруг Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен. Таа го откажа настапот затоа што не се чувствува добро по заболувањето од коронавирусот.
ТВ-мрежата објави дека првата дама требаше да му се придружи на собирот на претседателот Трамп вечерва во Пенсилванија, но таа одлучи да не оди.
„Г-ѓа Трамп се чувствува подобро секој ден по закрепнувањето од Ковид-19, но поради долга кашлица и како мерка на претпазливост, таа нема да патува денес“, изјави Стефани Гришам, шефицата на канцеларијата на првата дама.
Меланија Трамп минатата недела изјави дека нејзините симптоми на Ковид-19 се појавиле одеднаш и изгледале како тобоган. Таа изјави дека има болки во телото, кашлање, главоболка и се чувствува многу уморно.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс