Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан.

Како што прецизира тој, според информациите со кои располага армијата, станува збор за авион Ан-2.

„Денес можеме со сигурност да кажеме дека успеавме да го собориме непријателскиот авион во областа Мартуни“, посочи тој. Сепак, азербејџанската страна ги отфрли обвинувањата за соборувањето на авионот како неточни, пренесува „Спутник“.

Властите во регионот Нагорно-Карабах во Азербејџан, пак, каде живее мнозинство ерменско население, соопштија дека загинале уште 26 нивни војници. Ерменските и азербејџанските сили неколку дена по ред разменуваат жесток оган околу територијата на Нагорно-Карабах.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за употреба на тешка артилерија.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах продолжува и секоја понатамошна ескалација би ги вклучила Турција и Русија во конфликтот, јавуваат агенциите.

Русија има одбранбен сојуз со Ерменија, а Турција ја поддржува нејзината етничка заедница во Азербејџан, пишува Ројтер

Властите во регионот на Нагорно-Карабах во Азербејџанх, каде има мнозинство Ррменци, тврдат дека 85 нивни војници биле убиени во судирите со азербејџанските сили. Претходно, од Азербејџан беше објавено дека Ерменија претрпе големи загуби првиот ден - 550 мртви и ранети.

Конечниот број на жртви од обете страни сè уште не е утврден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.