Израел воведува тринеделен карантин

Израел од денеска воведува воведува втор тринеделен карантин, поради зголемувањето на бројот на новозаболени со коронавирус.

Тринеделниот карантин ќе почне во 14 часот по локално време. Ограничувањата ќе важат за време на еврејскиот празничен период за еврејската Нова година.

Министрите кои гласаа за мерките стравуваат дека вирусот може да се прошири на големите семејни собири и масовни молитви.

За време на карантин, Израелците ќе смеат да се оддалечат најмногу до еден километар од своите домови, освен за посета на лекар и за купување основни намирници и за спортување.

Училиштата и градинките се затворени од четвртокот. Многу објекти како хотели, трговски центри, рекреативни центри, салони за убавина, спортски центри и базени, исто така, се затворени. Супермаркетите, аптеките и услугите за достава на храна сè уште се отворени.

Собирите се ограничени на најмногу десет лица во затворени простории и 20 лица на отворено.

Израел го воведе првиот карантин во средината на март, а потоа ги ублажи мерките во мај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.