Обид за киднапирање на дете во Будва

Родителите на деветгодишно девојче од Будва пријавиле во полиција обид за киднапирање на нивната ќерка, која наводно непознат човек на сила се обидел да ја земе од игралиштето.

Според весникот Дан, тоа се случило на игралиштето во населбата Голубовина, а како што се наведува, девојчето успеало да избега, пренесува РТЦГ.

Случајот бил пријавен во полиција, од каде велат дека во овој момент не можат да го потврдат или негираат обидот за киднапирање.

„Изјавите се земени од неколку лица. Во тек е кривична обработка, така што заради понатамошно истражување, не можеме да дадеме повеќе информации во моментот. Кога ќе бидат направени сите проверки, ќе ја информираме јавноста", соопшти полицијата.

Како што се наведува, полицијата трага по лицето чиј опис го добиле за да утврдат дали се точни наводите на девојчето.

По повод овој настан, мајката на девојчето на Фејсбук ги повика родителите од таа населба да бидат со своите деца додека се на игралиште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.