Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри, а биле загрозени приватни и деловни објекти.

Професионалната противпожарна бригада (ПВЈ) Мостар за порталот Кликс изјави дека ситуацијата е критична и дека на теренот има пет противпожарни возила со нивните екипи.

„Загрозени се приватните и деловните објекти, особено еден објект за складирање на гас. Пожарот е на оддалеченост од неколку десетици метри“, наведуваат во ПВЈ Мостар.

Според Кликс, гори просторот од касарната „Хелиодром“ до фабричкиот круг на Алуминиј.

Гаснењето го отежнуваат силните ветрови, а на професионалните пожарникари им помагаат колеги од ДВД Буна, како и граѓани на околните населени места.

„Дневни аваз“ наведува дека пожарот избувнал во индустриската зона Мостар.

Огнот зафати трева, ниска и висока вегетација, додека пожарникарите се обидуваат да спречат пожарот да стигне до куќи и индустриски капацитети, додаде „Аваз“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.