Бензинците и дизелашите стануваат минато, ЕУ воведе ригорозни критериуми

Според новите најави на Европската комисија, емисијата на јаглерод диоксид на автомобилите по километар треба да се намали во просек за 50 проценти од 2021 до 2030 година, а не за 37,5 проценти како што беше претходно планирано.

Тоа значи дека многу повеќе приклучни хибриди и електрични автомобили, кои емитуваат малку или воопшто не испуштаат јаглерод диоксид за време на возењето, треба да излезат на патиштата во следната деценија.

Сепак, сигурно е дека ЕУ ќе ја следи реалната потрошувачка на приклучни хибриди, за кои постои сомневање дека возачите воопшто не ги полнат со електрична енергија и ги користат главно како класични хибриди и емитуваат многу повеќе јаглерод диоксид во реални услови, дознава „Ѕидојче цајтунг“.

Тешко е да се очекува дека производителите на автомобили ќе ги направат своите мотори со внатрешно согорување уште поефикасни (и ќе испуштаат уште помалку СО2) - невозможно е да се намалат некои граници понатаму, пренесува Automobili.ba.

Овие мерки ќе ја променат сликата во салоните за автомобили, каде што ќе има сè помалку бензинци и дизелаши, но големите индустриски сили како Германија исто така ќе се соочат со вистински предизвик.

Голем број добавувачи поврзани со автомобилската индустрија живеат од продажба на делови за мотори со внатрешно согорување.

Затоа, заедно со експанзијата на електричните автомобили, се очекува и голем пад на вработените во автомобилската индустрија, бидејќи, меѓу другото, електричните автомобили имаат многу помалку делови од конвенционалните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.