Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка се заглавила во шините додека возот се приближува со застрашувачка брзина.

Полицајката Ерика Орорија го забележала мажот. Како што може да се види на видеото, таа веднаш истрчува од полицискиот автомобил и го спасува човекот, во момент кога возот се приближува со неверојатна брзина.

Таа успева да стигне до него и да го извади од количката во последната секунда.

Возот брза покрај нив додека човекот лежи на земјата. Мажот од инвалидска количка се здобил со повреда на ногата и бил пренесен во болница, но е жив благодарение на брзата и храбра реакција на полицајката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.