Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат договор за обновување на дипломатските билатерални односи.

„ОГРОМЕН чекор напред денеска! Историски мировен договор меѓу нашите две земји пријатели, Израел и Обединетите Арапски Емирати!“, напиша американскиот претседател.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1293922936609546240

Мировниот договор, како што пишува Трамп, е прифатен од страна на израелскиот премиер Нетанјаху и Мохамед бин Зајед, престолонаследник на Абу Даби.

Израел, на барање на Трамп, се согласил да ги прекине плановите за зафаќање на повеќе области на палестинските територии. Наместо тоа, државата во иднина ќе треба да се фокусира на „проширување на односите со другите држави од арапскиот и муслиманскиот свет“, се вели во заедничката изјава објавена од тројцата претставници.

https://twitter.com/WhiteHouse/status/1293933520755335170

Со договорот се овозможува муслиманите да имаат поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за отварање на летови од Абу Даби кон Тел Авив, но исто така, двете држави ќе треба ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развојот на вакцината против Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.