Трамп: Американците ќе мора да учат кинески ако победи Бајден
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Август 2020
Американците ќе треба да учат кинески ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Во радиоинтервју за конзервативно ориентираниот новинар Хуго Хевит, тој зборуваше за себе во трето лице еднина, пренесува „Си-ен-ен“.
„САД ќе бидат во сопственост на Кина ако Трамп загуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. Вие ќе мора да научите кинески", рече Трамп.
Односите меѓу САД и Кина се во средиштето на предизборната кампања на републиканецот Трамп и демократот Бајден. Трамп ја обвини Кина за ширење на коронавирусот и прикривање информации за вирусот, а неговата администрација повлече неколку потези што доведоа до тензии во односите со Кина, пишува „Си-ен-ен“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс