Европската агенција за инфективни болести ги повика земјите да спроведуваат масовно тестирање

Европската агенција за инфективни болести (ECDC) ги повика државите да продолжат да применуваат соодветни мерки за социјална дистанца и хигиена и да ги тестираат, бараат и следат случаите на инфекција за да ја запрат пандемијата на коронавирус.

„За земјите што ги применуваат овие мерки, ризикот е умерен, но ризикот од ескалација е многу голем во земји кои не применуваат или не спроведуваат мерки, како што се физичко растојание или следење на контактите на заразените лица“, рече Мајк Кечпол, водечки научник во Европскиот центар за превенција и контрола нa болести (ECDC).

Тој посочува дека е клучно да се потсетуваат луѓето дека вирусот продолжува да циркулира во заедниците и дека можат да ја намалат можната изложеност на вирусот со придржување кон пропишаните мерки.

ECDC забележува дека многу земји исто така тестираат случаи со благи симптоми и асимптоматски случаи, што резултира со зголемување на бројот на пријавени случаи.

Исто така, агенцијата предупредува за продолжување на значителниот раст на заболените во земји каде што мерките за физичко растојание не се применуваат.

Агенцијата препорачува масовно тестирање за да се контролира трансмисијата на вирусот кај населението, брзо откривање на контактите на заразените лица и изолација и третман на утврдени случаи и карантин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.