Курти: На Косово му се заканува хуманитарна катастрофа

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, испрати писмо до амбасадорите во Косово во кое бара помош по повод епидемијата на Ковид-19.

Потсетувајќи дека неколку пати ги искажал своите ставови за пандемијата пред членовите на дипломатските мисии, Курти предупреди дека Косово се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува „Косово онлајн“.

„Во име на граѓаните на Косово, јавно ве повикувам вас и вашата земја да ги обезбедите здравствените установи во Косово со потребната медицинска опрема и со човечки ресурси за да се овозможи превенција на здравствената криза да не се претвори во хуманитарна катастрофа“, напиша Курти на Фејсбук.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.