Будимпешта: Нигериец фатен со речиси килограм дрога во стомакот

Маж од Нигерија бил приведен на аеродромот „Франц Лист“ во Будимпешта, откако бил фатен во обид да прошверцува скоро еден килограм кокаин и хероин во неговото тело.

Поради сомнителното однесување, на човекот му било наредено да помине преку СТ - скенер, кој открил дека во неговиот стомак има околу 50 пакувања со дрога, пренесуваат тамошните медиуми.

Подоцна било утврдено дека човекот се обидел да прошверцува над 810 грама кокаин и 66 грама хероин, потврдија надлежните органи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.