Британски епидемиолог убеден дека коронавирусот не потекнува од Кина

Еден од водечките светски епидемиолози, британецот Том Џеферсон, вели дека новиот коронавирус, најверојатно, не произлегол од Кина, како што се смета, особено сега кога знаеме дека траги од вирусот се пронајдени и во Шпанија во примероците од отпадните води од март 2019 година.

Џеферсон, кој работи во Медицинскиот центар при Универзитетот „Оксфорд“, рекол дека вирусот бил притаен, можеби и со години, пред да се активира кон крајот на минатата година.

One of the world’s leading epidemiologists thinks the coronavirus may not actually have originated in China, with samples of #COVID19 surfacing from Spain in early 2019. The coronavirus story keeps getting stranger…

- Peter Andrewshttps://t.co/DDMNc5XDiq

— RT (@RT_com) July 7, 2020

Тој укажува на многубројни студии кои го потврдиле присуството на вирусот во отпадните води од Европа до Јужна Америка. Интересно е тоа што сите овие примероци се со постари датуми од првиот случај на заразата во кинескиот град Вухан.

Италијанските истражители пронашле траги од вирусот во Торино во примероците од декември минатата година, многу пред да бидат потврдени првите случаи на заразата со Ковид-19 во оваа земја. Слично било и во Шпанија, каде што било откриено присуство на вирусот во примероците од март 2019 година.

Тоа не значи дека вирусот произлегол од Шпанија, но исто така не дава потврда дека води потекло од Кина. Џеферсон вели дека и натаму е рано да се каже каде точно настанал вирусот.

Неговата теза засега не е широко прифатена во научната заедница бидејќи не е првпат да предизвикува бурни реакции со своите ставови.

Тој веќе беше на удар на јавноста кога зборуваше за вакцините против грип. Тој истакна дека многу податоци што се користат во клиничките истражувања на таквите вакцини се сомнителни поради што стана непожелен во многу академски кругови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.